Исчекувачки околности...
23 фебруар..
уше 13 минути до крајо на овај волшебен час по програмисување..
уше 3 часа до крајо на овај занимлиф школски ден....
уше овај и уше 1 ден до крајо на оваа прекрасна работна седмица...
уше 5 дена до моето полнолетство....
уше 56 деној (учебни) до злокобната (матурска) вечер на 21 мај и нашето распуштање...
и сеуше се прашувам што ли по ѓаволите да чекам попрво...мммммм...убавината на двомислицата...
*уше(ush~e)мак.нагалено. е орган кој поприма звуци од сегде и секаде и затоа (во наша придобифка) ние слушаме.Го има во секакви варијации:големи,мали,големомали,црни,бели,шарени,со обетки,без обетки,со пирс(на јазико),мајмунски,елфски,уши-клапуши и сл.Зборот уше нема апсолутна врска со зборот уште кој значи односно претставува мерка за исчекување.
П.С.Шо мојш да прајш на сколија осим да твориш есеи од вакоф вид ;)
П.П.С. Ајм бек после определен временски интервал шо да се прај ко ќе имаш недостиг на време и инспирација:)