Tuesday, January 31, 2006

Дванајсепалачна зеница...


Абе бато окото ти е редок орган а сеа не знам дали од растењето зајача или нешо не е во ред со мојата сива маса али појасно почнаф да глеам на работите.станвам сабајле за на сколија и дали од ладното или до окото ќе да е али мали пингвини ми се плеткат околу нозе и патот до местото,каде што одредена машинерска направа треба да ме собери и фрли до местото кое е предодредено да ги обавам моите едукативни потреби,ми е прикажан како црно бел партизански филм.на сколија пак глеам зумирани сурати на професори како со мрдање на муцињата сакат да ми укажат некоја работа која дванајсе пати наишла на ignore од мојата сива маса т.н. мозок.се враќам од на сколија ама сеа ноќе и без потребната машинерија измачувајќи ги моите очи кои излачуваат капки вода за да се заштитат од битолскио студ се прицкам во својот склоп од матерјали кои би требало да ме заштитат од студот и очите правејќи круг од 180 наназад почнуваат да прикажуваат слики од мојот мозок кој што не би требало да се тука и јас така пливајќи цепам по машки разгазениот снег.стигнувам дома и го уклучвам мојот спој од електрични елементи,пластики и ламби кој што луѓето уживаат да го нарекуваат компјутер или П.еЦ.ејка и додека катодната цефка испуштајќи електрони кои ги осветлуваат моите длабнатини нанесени од времето на моите убави рачиња ги носам очите во статична положба чекајќи да помини здодевниот тон на чкрипење кој што го потврдува поврзувањето на мојата пецејка и светската глобална мрежа и ете сум....со помош на неколку пластики кој шо влегват натре ко ке го дојсиш прстот над ниф и извршиш притисок јас ко искуцаф и изнесоф овај филинг кој ме следи цел ден.се надевам дека е од ладното иначе не ќе да е на арно...

Tuesday, January 24, 2006

Порано....


Мени тинкс хев чеинџд синс ај воз јанг.....еми то е сеа све се менва не можи вместо да сејме мора нешо на поарно и нешо на она другото...ама не ми е јасно све на то другото да замина абе аман значи шо ќе беше овај муабет цигарите да коштат четри леба или две млека порано моеше да гребиш оти една пакофка цигари беше леп и пол сеа гребиш ќе ти сечат рацете...порано моеше да пушиш сеа дишиш од на другио чадлојните..порано моеше да пиеш сеа се лигајш со едно пиво ф кафиќ порано се моеше да прајш се дур на замина све на она другото...порано сите велеа "арен сум"...сеа велат "арен сум ама ќе ми помини"....порано сите врвеа лесно на сколија ама сеа уше од прва година му фрлат петрди под сукња на професориците...порано моеше да сејш на интернет сеа ќе сејш ама сам ќе ти се исклучва компјутеро....порано и јас беф читан сеа никој од кур не ме мава...порано сите бефме среќни ко бефме четврта светска сила во свето ко бивша СФРЈ сеа ќе ти викат фиром и ќе ти викат чекај пеесе години за да влезиш во ЕУ и смени го ова-она...Е НЕ ВЛЕГВАМ!порано сите беа среќни ама то беше порано....ех порано,порано каде ли замина порано.....

Tuesday, January 17, 2006

::Chill Out Time::

...Е богами мачна ноќ..си ги пореметиф очите трудејќи се да прочитам шо сака да кажи мојот седумнаесет инчен монитор откако по 16ти пат му викам да даунлодира една неважна работа..5 и пол фати сато осејќам грчевити крцкања во вратот додека покушавам да се олабам со некои...конечно нежни мелодии од Апокалиптика меѓутоа попусто...конечно даунлоудот започна со завршувањето на веќе споменатата песма од овај мислам шведски бенд.....целосно се препуштам на столот дека ми мрзнат нозете додуша сфе ми е смрзнато освен газот него к*ро го боли си ужива зима поубо било каде бе бато....се слуша крцкањето на хартијата од цигарата во молкот мммм филинг бато сеа уше да имаше едно елф ориентисано чупе да ми измасира рамењата додека нежно ми диши во врато доближена со лицето нежно шо да плукниш би му напрајл дупка на истото место и сеа во вакви моменти сфајќаш доста работи за џабе катаљарда манати дугмиња за испишан пост,за џабе катаљарда фрлени денарчиња,за џабе сите празни каве муабетчиња,за џабе сите расправања,организирања за провод на кој ќе го имаш the time of your life,за џабе сите манати алкохоли,или пак други ствари ако не умејш сам да си приредиш вакоф чил аут период или пак на нашки ќеф на газо на кој моментално не му студи батали сфе мавам disconnect точка

Wednesday, January 11, 2006

Goodbye My Lover.....


Ејјј добар наслоф случајно ме поттикна истоимената песма од Џејмс Блунто која случајно се најде да свири во позадината на мојот компјутер....то е ко ке не ти текнува наслоф ке копираш од нумери...инаку оваа песма ќе стани хит бидејќи ко ќе не смачка астероидот ќе има много парови кои што ќе си ја пеат двонасочно(то е се сакат децата) бооо ми се плачи дур го пишам тексот всрце ме дира песмата за џабе живејме бе ало ми иди да зеам toxic gun®(пиштол на кислојни и жегојни страдни)и да се потепам нејќам да присуствувам кога парче вселенски камен ке ми го прицни черепо и поремети косќената срж за џабе е песмата шо гудбај ловеру оти ти кај ќе ојш ко ќе те поремети тврдата магма па тој бе бато ќе не DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL,пауза, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL, DESTROY US ALL,шо мислиш ти мангуп си па ке куртулиш и ти доаѓаш додуша аџиба ќе ојме негде али ако не ојме и ти не ојш,нема ловер-мовер,џиџи-миџи,држ-не дај,астероид е ова не е заебанција,пореметување до краен стадиум,највисок степен јеботе-fuckin highest degree!ќе биди долгоочекуваниот крај на свето,смак на свето,енд ворлда,судирање на две небесни тела-сводови кое доведува до пореметување на опстојноста на истите,плакање на мајките на живите ,исцрцување на телесни течности на тие што ги имаат,вадење на очите на тие шо ги немаат DEATH IS COMIN' FOR YE!бјежите грешници врачам се муабето.нема љубоф-љубоф во комунизмо и комунизам нема ништо нема...THIS IS A MAD HOUSE ... A MAD HOUSE I TELL YOU!само астероид има и една планета бедна шо ќе го појади гадно и еден луд блогер шо си куби косите ко луд научник оти знај шо не чека ЉУБЕТЕ СЕ ЛОВЕРИ ОТИ ЌЕ НЕ DESTROY US ALL,DESTROY US ALL,DESTROY US ALL,DESTROY US ALL,DESTROY US ALL,DESTROY US ALL точка

Saturday, January 07, 2006

::The Purpose of Living 2::



..Поради должината на моето отсуство од оваа интересна интернет заедница успеаф да створам едно мало божиќно пакетче од раскази кои содржат гледишта за оваа интересна и зачестена појава наречена живот оти у курац секој фтoр почна да се раѓа(а како можи то хехехе) и here we go.....


::Потешкотии при живот::


Како со раѓањето на првиот зрак светлина кога со показателот го прицкаме прекидачо за сијалицата така и нашиот живот е многу комплициран.Со сите тие породилни болки и промашени цветови нашиот мозок станува копнеж и носталгија за подобри гасови.Откако Ацо Шопоф ја напиша својата врло позната поема чиј наслоф не е сеуште пронајден свеста за постоењето е доведено до нулта позитив односно луѓето станаја свесни дека постојат.Со тоа прашањата како Зошто и Затоа станаја шема меѓу лицата од 25 год. до 25 год. и 3 месеци и иако одговорите немаа идеолошка вредност оториноларингологијата станува секојдневие вон градските средини.Типично јас оскудно се осудувам целосно да ја тероризирам школската настава користејќи орудија со наизменичен карактер.Со тоа бомбастично но вистинито процентуалното отскокнување создадено од ел.коло ја достигнува својата екстремна граница наречена гепек.Големата побарувачка и наглиот трошок ја поттикнува екстраваганзата стационирана на македонските ајродроми.Откако зафаќа иљадудвестотен карактер и облик потешкотиите се наголемуваат како секира во мед и ја доведуваат државата до национално ниво.Поради ефектот стаклена градина луѓето со користење на export-import технологии при своја волја се увезуваат во жешко-ориентисани парчиња земја т.з. карипски глупости.Со ова закључуваме дека живото е тешка ствар.

....И сега во продолжение една малу по позитивна стихотворба која треба да се учи напамет за ф понеделник.....

::Сачуствувајќи са стилом::

..Јер кад остариш чуство више није као пре.Твоих сетилним карактеристиком су са новим карактером...

Али шта је ту је,ром је лом
Јер се капио 3 пута дани
а ја сам стоун
Јер сам пушио стапова са свим страни
Болка је лепа,болка је ту
Јер кад остариш фукаш ајвар са крух.
Страх ме стегу коске ми се ребрети
Јер кад остариш сигурно чеш умрети.

Смрт је тужна after life мачен
Лошо је да се спречи кад може да се лечи
И ондак ја нисам тачен
Ни криф ни дужен са живот и муки врачен.

Младост лепа проџе брзо а потем пати
Ебачеш живот Госпо че ти плати
И кад умреш зад рајске порте
Видечеш да људи шмукати Ракие® и Пиковит Форте®
Јер све је добро кад добро проџе
И нада живи да у пекол горјети професоре строџе.

Ал абре де бре зар да се свијум и плачу
дал да чувати здравју као што сви кажу
Ја чу смувати све живом
Извадити дупе и пијати пивом
Одити на журком и крадити по нивом
Па кад остарим ич да не ми е криво.

Ал нешто порачати другарице моје
Немојте се чувати за идних времена
Зашто у кревети невиности лошо стоје
А ако то радите нека то буде без цена
И дружите се са особама мушким
Зашто кад доџе време на запеку
А ни шетамо со полних пушким
Мораме се зближети шта чеш ту.

И другови кои што учите много
И пуштите младости да пролазе за џабе
Господа вама че казнува строго
Зато доџите на плоштаду и понесете си јаже
Са солзим за добиених двојкима
И потем you are a "маже"
И са старих финти бркати девојкима.

И ондак неко постати педер
Море земи учи
У ова лудо weather
Или боље не иди кучи
Жална прича жену да се немати
Ма шта је то качи-пучи
И потем позицију мењати

Затим људи не мојте се драпати
Овог животу нечемо вратити
Да џускамо ночас из причиног јасног
Зашто касније можда да је касном.

Афтор на делата:ToxicShadow(сам и цел)

ToxicShadow(1988- )
ToxicShadow е познат индонезиски писател кој уживал да твори на српско-израелски со јужначки акцент.Тој добил 2 награди за платиниумска продажба на албуми со самолепливи сликички и една диплома од регионален натпревар за најдобар тркач на долги патеки за 2003/04.Роден е во една темна корија каде што го поминал поголемиот дел од своето детство живеејќи како створењето чауш.Не завршил средно бидејќи бил неписмен .Го има гледано HellBoy два пати и многу го поштова Мајкл Џексон.Кога тој му се пуштал на некоја темна женска особа клепал со двете очи место со едно заради тоа што е поефективно.Негови најпознати дела се:"Марко Кралот" според кој е снимен и филм,"3та Светска Воња","Н.Л.О." и "Нострадамус и неговиот TV приемник" за кое што добил и награда за најдобар гимнастичар за 2002/03.Останал стар ерген до крајот на животот бидејќи бил висок ко стап и за ништо не го бивало .Тој бил убаф и многу духовит шо и Зевс Allmighty му завидувал и го проколнал никој да не му ја возврати љубофта и тој се заљубил во самиот себеси со што можел да се мува самиот себеси секогаш кога ќе посакал и живеел happily everafter....

P.S.ова треба да го клам во about хеххе точка